Ahmet Gençtürk
16 Мај 2023•Ажурирај: 18 Мај 2023
АТИНА (АА) – Грчките власти се заканија дека ќе ги блокираат напорите на Албанија за пристапување во Европската Унија (ЕУ) поради приведувањето на Фреди Белери, политичар со грчко потекло во таа земја, пренесува Анадолу.
„Европските изгледи на Албанија целосно зависат од нејзиното почитување на правата на грчкото етничко малцинство“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на собир во предградието на Атина, јавува новинската агенција АМНА.
Фреди Белери, кандидат на етничкото грчко малцинство, кој се кандидираше за градоначалник на Химара, најјужниот град во Албанија, беше приведен од полицијата на 12 мај под обвинение за купување гласови.
Неговото приведување ги затегна односите меѓу Тирана и Атина.
Грчката Влада поднесе официјален протест до албанското Министерство за надворешни работи.
Иако од понеделник е во притвор, Белери вчера победи на локалните избори.