Ekipa
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
АТИНА (АА) - Грчките официјални лица соопштија дека на Одделот за интензивна нега во болницата починала 57-годишна жена како последица од задобиените повреди во пожарот што избувна во местото Мати, во околината на Атина. По овој смртен случај, бројот на загинати во пожарот се искачи на 94 жртви, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека жената која почина утрово е 11-тото лице кое починало во болницата од последиците на пожарот, кој на 23 јули избувна во околината на Атина.
Во соопштението се додава дека уште 31 лице се наоѓаат на болничко лекување. На интензивна нега се наоѓаат 8 пациенти, а меѓу нив, најмалку 5 се на апарати за одржување во живот.