Bedrudin Brljavac
04 Мај 2023•Ажурирај: 05 Мај 2023
БЕЛГРАД (АА) - Голем број граѓани се собраа синоќа во Белград за да запалат свеќи во спомен на настраданите во вооружениот напад во Основното училиште „Владислав Рибникар“, јавува Анадолу.
Повеќе илјади граѓани се собраа на Цветниот плоштад по повод масовното убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“. Насобраните палеа свеќи, оставаа цвеќиња и кадифени играчки.
Покрај тоа, голем број родители, сегашни и поранешни ученици и граѓани се собраа пред училиштето во белградската населба Врачар, каде што палеа свеќи и оставаа цвеќиња.
Во незапаметената трагедија што се случи во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, тринаесетгодишно момче, ученик во седмо одделение во истото училиште, со истрели од огнено оружје уби осум ученици и припадник на обезбедувањето во училиштето, а рани седум деца и наставничка.
Владата на Србија прогласи тридневна жалост во земјата (петок, сабота и недела).