Bojana Stojanovic
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
БЕЛГРАД (АА) - „Србија е определена за натамошен развој на политичките односи со Русија, бидејќи таа земја е еден од стратешките економски и водечки надворешнотрговски партнери на Србија“, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на состанокот со директорката на Федералната агенција на Руската Федерација за работи на Заедницата на независни држави, сонародници во странство и меѓународна хуманитарна соработка (Россотрудничество), Елеонора Митрофанова, во Белград, пренесува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, Вучиќ изрази благодарност за помошта што ѝ ја дала Митрофанова на Србија како амбасадор на Руската Федерација во УНЕСКО, кога е спречено членството на Косово во оваа меѓународна организација.
За време на состанокот, Вучиќ истакнал дека Србија е определена за натамошен развој на политичките односи со Руската Федерација, врз основа на стратешкото партнерство. Тој се заблагодари за цврстата и доследна поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија од Руската Федерација.
Вучиќ нагласи дека Руската Федерација е една од стратешките економски и водечки надворешнотрговски партнери на Србија, додавајќи дека Србија е заинтересирана и за понатамошна соработка во областа на културата, образованието и науката.