Kristina Maslareviç
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
БЕЛГРАД (AA) - Коментирајќи го она што го видел дека во Хрватска е најмалку популарен од политичарите во Србија, премиерот Александар Вучиќ во изјава на новинарите во Народното собрание на Србија им рече дека е горд затоа што работел во интерес на својот народ и држава, и истото ќе го прави и во иднина, јавува Anadolu Agency (АА).
„Што се однесува до односот со Хрватска, ние секогаш сакаме да разговараме, ниту една навреда не сум рекол на нивна сметка, кај нас нема забрана ниту за хрватски чоколади, ниту правење проблеми на антифашистите. Изнесував само факти и тоа секогаш ќе го правам", рече Вучиќ.
Тој додаде дека му е разбирливо и дека е во ред што во Хрватска ги сакаат сите оние кои говорат против него и дека тоа го користат за објаснување на својот народ и на другите дека тој е лош.
„Но мојата работа е како претседател на Владата да бијам тешки битки, да бидам на удар на сите, но да ја заштитам својата земја и нашите граѓани, а не себе си", додаде Вучиќ, одговарајќи им на новинарите на прашањето за односите на Србија и Хрватска и новото заладување, откако Хрватска го блокираше отворањето на поглавјето 26 во пристапните преговори на Србија со ЕУ.