Dzihat Aliju
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Историчарот проф. д-р Илбер Ортајли, денеска во Скопје организираше конференција во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 70-годишнината на Институтот по историја, кој е дел од Филозофскиот факултет, беше организиран настанот „Конференција за македонската историја во османлиската архива“, која предизвика голем интерес кај студентите.
Проф. Ортајли изрази големо задоволство што неговите книги се преведени на македонски јазик. Тој истакна дека во своите студентски денови престојувал во Македонија, кога била дел од поранешна Југославија, и забележал дека менталитетот во Македонија емногу близок до оној на Турците.
Проф. Ортајли рече дека во првите години, Румелија, која се протегала на територијата на Македонија, Бугарија и Грција, а била под турска власт, за Османлиите била едно од најзначајните подрачја. Проф. Ортајли истакна дека Османлиите не ги менувале словенските топоними.
Во врска со конференцијата, проф. д-р Ортајли даде изјава за АА, во која го истакна своето задоволство од учеството на конференцијата организирана од катедрата по историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Проф. Ортајли рече дека во Македонија се преведени 4 негови книги. „Ми причинува големо задоволство да бидам во оваа земја, која ја чувствувам мошне блиска. Денеска се одржа конференција за македонската историја и турската историја, зборувавме за нашите архиви“, истакна професор Ортајли.
По конференцијата, проф. Ортајли за студентите ги потпишуваше своите книги преведени на македонски јазик.