Besar Ademi
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Меѓународната истражувачка организација „Хелтгрупер“ денеска во Скопје ја презентира првата истражувачка студија, која темелно ги проучува факторите и причините кои стојат зад проблемот на миграцијата на лекарите од Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната студија под наслов „Заеднички тенденција за миграција на здравствените работници од земјите од Западен Балкан“ е финансиски поддржана од страна на Универзитетот во Фрибург, Швајцарија, преку регионална поддршка за промоција на истражувања во земјите од Западен Балкан. Во ова истражување се опгатени Македонија, Албанија, Косово и Србија.
Раководител на проектот и раководител на истражувањето за Македонија, Владимир Лазаревиќ, рече дека миграцијата на здравствената работна сила од земјите од Западен Балкан кон развиените земји покажа нагорен тренд во последниве години.
„Причините за миграција се најчесто од економски развој, од желбата за професионален развој, како и подобрите услови за живот, подобри услови за своите семејства. На некој начин оној кој што ќе отиде е многу тешко да го вратите назад“, рече Лазаревиќ за АА.
ТОј додаде дека нема сигурни факти кои го потврдуваат овој загрижувачки тренд, но истакна дека од Македонија, Албанија и Србија, повеќе од 1.700 лекари мигрираат на годишно ниво, од кои само околу 500 лекари од Македонија.
Од друга страна, водителот на истражувањето од Албанија, Газменд Кодузи, врз основа на истражувањето, рече дека во Албанија во текот на изминатите три години околу 400 лекари побарале „сертификат за добро однесување“ за да аплицираат за работа во странство, особено во Германија и Шведска, но точниот број на прифатените сертификати не е потврден.
„Главната причина поради која лекарите мигрираа беа премногу ниските приходи, економските услови и нивната социјална состојба. Од друга страна беа условите за работа, затоа што знаеме дека Албанија е земја која троши помалку на здравствениот буџет, околу 2,8 проценти од БДП, што е најниска во регионот. Ова доведува до лоши работни услови за лекарите, и недостаток на финанции и стредства. Платите се ниски и управувањето со здравствените институции е слабо“, рече Кодузи за АА.
Кодузи додаде дека бројот на лекари во Албанија е 1,1 на илјада жители, што е три пати помал од европскиот просек.Тој нагласи дека овој број продолжува да се намалува и еден ден може да се случи Албанија да не има доволно лекари за да се грижат за целото албанско население.
Раководителката на истражувањето за Србија, Маја Крстиќ, рече дека миграциите на здравствените работници во Србија во последните 10 години стануваат сериозен проблем. Според неа, во Србија е потребно да се создаде стратегија за развој на здравствениот кадар во земјава, преку соработка на Министерството за образование и здравство.
„Неофицијално околу 600 лекари годишно ја напушта Србија. Она што во нашето истражување го пронајдовме се официјалните податоци на Геманската комора на лекари кои велат дека околу 150 лекари од Србија доаѓаат во Германија, а каде се останатите земји“, рече Крстиќ за АА.
Според ова истражување, миграцијата на здравствената работната сила станал актуелен политички и економски проблем во последниве години, со посебен осврт од земјите во развој до најразвиените.
Сепак, организаторите на истражувањето велат дека нема сигурни докази за да се потврдат причините за овој загрижувачки раст.
Според нив, ова прашање треба да се гледа од страна на политичките актери кои се одговорни за создавање на политички стратегии за да се обезбеди одржлива здравствена работна сила во секоја земја од Западен Балкан.