Andelija Stojkovic
26 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ ја повика меѓународната заедница да им дозволи на Србите и Албанците да се обидат сами да го решат прашањето за Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
„Станува збор за Србите и Албанците, мораме да живееме заедно во иднина. Ова се најголемите нации на Западен Балкан, и ќе остане така и во следните сто години. Кој ќе го реши овој проблем ако ние не бидеме во можност да го сториме тоа“, рече Вучиќ на дебатата „Нови перспективи за проширување на ЕУ“ во рамките на „Политичките разговори“ на Европскиот форум „Алпбах“.
Тој запраша каде се границите и кој ќе помогне во решавањето на проблемот, ако половина од светот го смета Косово за независна држава, а другата половина, меѓу кои пет земји од ЕУ, Кина, Русија и половина од исламскиот свет, ја признаваат само Србија.
Вучиќ рече дека изнаоѓањето решение не би било можно без поддршка на ЕУ и додаде дека договорот помеѓу Белград и Приштина би бил од суштинско значење за Балканот.