Andjelija Stojkovic
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека дијалогот на Белград и Приштина продолжува по речиси две години, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дијалогот под покровителство на ЕУ по 20 месеци продолжува. Договорени се и темите за состанокот во Брисел во четврток", напиша Вучиќ на официјалниот „Инстаграм профил Иднината на Србија".
Вучиќ преку видеолинк учествува на трилатералниот состанок на Европската унија, Белград и Приштина.