Andelija Stojkovic
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
БЕЛГРАД/ЛАЈКОВАЦ (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не знае која ќе биде темата на разговорите на делегациите од Белград и Приштина во Вашингтон на 27 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој рече дека очекува разговорот да биде рационален и прагматичен.
Како што додаде, Србија е мала за да ѝ „заповеда на Белата куќа“, но и доволно голема за да каже кои интереси сака да ги заштити.
Тој рече дека сите пет услови на премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се неприфатливи за Белград и дека ако тоа е сè што таа страна има да каже „подобро и да не доаѓаат на разговор“.
Вучиќ рече дека на Видовдан, 28 јуни, Србија нема да ја признае независноста на Косово.