Andelija Stojkovic
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Белград изјави дека не би се исмејувал на чинот на Слободан Праљак, кој изврши самоубиство откако беше осуден за воени злосторства над муслиманите во БиХ, јавува Anadolu Agency (АА).
„Што се однесува до Праљак, јас на тој чин не би се исмејувал, не би го нарекувал кукавички“, изјави Вучиќ, по повод пресудата на Хашкиот трибунал на групата босански Хрвати за воени злосторства врз муслиманите во БиХ, 1993-94.
Тој изјави дека од друга страна, има што да ѝ порача на ЕУ по повод различните аршини за зборовите изговорени во Србија и во Хрватска по повод пресудите во Хашкиот трибунал.
„Вие околу Хаг на Србија ѝ водите сметка што ќе зборува, а ние кои сме во ЕУ можеме да бидеме против Трибуналот“, изјави Вучиќ.
Тој исто така, рече дека добро ги разбрал пораките на хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ, и оти тој за пет дена ќе дојде во Белград.
„Ги разбрав неговите пораки вчера. Не се исмејував, ниту зборував за кукавичлак на Праљак“, изјави Вучиќ.
Тој изјави дека секогаш е отворен за разговор со сите во регионот.
„Кога зборувате за исчезнати лица, добредојдени сте. Да им помогнеме на хрватските родители да ги пронајдат своите деца, но истото важи и за Србите“, изјави Вучиќ.
Тој повторно ги повика граѓаните на Србија да ги почитуваат своите, но и туѓите жртви, и да гледаат во иднината.