Andjelija Stojkovic
27 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ одлучи предвремените парламентарни избори во Србија да не се одржат заедно со претседателските, како што претходно се шпекулираше во медиумите, пренесува nadolu Agency (AA).
Вучиќ за Радио-телевизија Србија изјави дека нема основа за одржување на предвремени парламентарни избори.
„Србија е стабилна, стабилна е економијата. Потрeбен е раст, сериозност, одговорност. Таа има стабилно мнозинство за да функционира“, рече Вучиќ.
Претседателските избори во Србија ќе се одржат оваа пролет, бидејќи на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, му истекува петгодишниот мандат.