Bojana Stojanovic
14 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во почетокот на септември ќе се состане со претседателот на Косово, Хашим Тачи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе се видам со Тачи во почетокот на септември во Брисел. Ќе биде интересно да го видам после сѐ, да видиме каде застанавме и дали постои можност за каков било излез од тешката ситуација во која се наоѓаме“, рече Вучиќ, по посетата на Воено-техничкиот институт во Белград.
Прашан дали ќе се откаже од идејата за разграничување на територијата со Албанците, Вучиќ одговори дека добиле одговор од германската канцеларка Ангела Меркел, која „по илјадити пат рече дека разграничувањето е завршено и дека Косово е независно“.
„’Добивте ли одговор од Ангела Меркел дека разграничувањето е завршено?‘ Дали добивме таков одговор? По илјадити пат, таа рече дека разграничувањето е завршено“, рече Вучиќ.
Вучиќ оцени и дека е малку разочаран во реакцијата на општеството во врска со Косово, дека тоа му било чудно, а дека особено му се чудни реакциите на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел.