Medin Halilovic
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
БЕЛГРАД (АА) - По наредба на министерот за одбрана и по одлука на претседателот на Република Србија, синоќа започна проверка на оперативните способности на дел од српската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Вечерва од Министерството за одбрана на Србија беше потврдено дека станува збор за вонреден, ненајавен инспекциски надзор на оперативните способности на дел од силите за итно реагирање кој ќе се спроведува до 9 март на неколку локации во Србија.
Проверка на оперативната способност започна со тревога од Оперативниот центар на системот за одбрана, на кој присуствуваа министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ.
- Проверка на силите за брза реакција -
„За време на инспекцискиот надзор ќе се провери подготвеноста на единиците во најкраток рок да одговорат на поставените задачи во рамките на предвидените сценарија на кризна ситуација. Во рамките на вежбовните активности ќе бидат реализирани комбинирани маршеви на единиците, боево гаѓање, решавање на различни борбени супозиции со изведување специјални дејствија", наведено е вечерва од Министерството за одбрана на Србија.
Целта на инспекцискиот надзор, како што е истакнато, е остварување на повисоко ниво на оспособеност и борбена готовност на единиците на Војската на Србија, за реагирање на евентуални ризици и закани по безбедноста на државата.