Bojana Stojanovic
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Вонредна состојба е прогласена денес во градот Лозница, Србија, во општините Мали Зворник, Крупањ, Осечина, Мионица, Лучани и делови од општините Љубовија, Косјериќ и Ариље поради обилните врнежи од дожд во земјата, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Специјалистичките тимови за спасување и работи на вода од Белград, Нови Сад, Шабац, Ваљево, Сремска Митровица и Чачак, заедно со жандармеријата, во текот на вчерашниот и денешниот ден евакуираа 71 лице на територијата на општините Крупањ, Љубовија, Косјериќ и Лучани, во западна Србија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Ситуацијата е постабилна во Крупањ, Лозница, Осечина, додека во Љубовија, Гуча, Лучани и Ариља состојбата е сè уште критична и се следи состојбата на теренот.
Припадниците на Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи, поради обилните дождови, се во состојба на готовност 24 часа на ден и ги следат сите водотеци, пружаат помош на населението и ги евакуираат граѓаните на Србија од сите загрозени општини.
Инаку, реагирајќи на најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод дека може да се очекува поголем пораст на нивото на водотеците, Министерството ги стави во готовност сите единици на Секторот за вонредни состојби, особено во северните, централните и западните делови на Србија.