Samir Kajoševic
02 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора е прогласен крај на епидемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националното координациско тело за заразни болести објави дека одлуката е донесена на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
„Во Црна Гора се прогласува крај на епидемијата на Ковид-19. Ова е резултат на повеќемесечните напори на сите во системот и нашите граѓани. Благодарам на довербата! Некои мерки ќе бидат укинати, но бидејќи пандемијата сѐ уште трае во светот, остануваат на сила мерките против импортацијата на вирусот,“ изјавија од Националното координациско тело.
Одлуката за прогласување крај на пандемијата е донесена откако во Црна Гора 28 дена немаше нови случаи на коронавирус. Од почетокот на епидемијата во таа земја со Ковид-19 беа заразени 324 лица, од кои девет починаа.