Dejan Maksimovic
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа регистрирани се 165 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, додека бројот на активни случаи во Хрватска е 2.410, објави денес Штабот за цивилна заштита, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Се додава дека од активните случаи 309 пациенти се на болничко лекување, од кои 22 се на респиратор.
Како последица на коронавирусот во изминатите 24 часа во Хрватска починаа шест лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес вкупно се евидентирани 13.533 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 224 починаа, а 10.899 се излекуваа“, наведуваат од Штабот за цивилна заштита.
Во моментов во самоизолација во Хрватска има 3.314 лица, а до денес извршени се вкупно 221.834 тестирања, од кои 5.339 во последните 24 часа.