Балкан

Во Хаг заврши третиот ден од сослушувањето на косовскиот претседател Тачи

Косовскиот претседател во понеделникот започна со давање исказ на повик на Специјалното обвинителство, кое на 24 јуни објави дека поднело обвинение до Специјализираните комори со десет точки за низа злосторства...

Zylfije Adem Jakupi  | 15.07.2020 - Обновена : 16.07.2020
Во Хаг заврши третиот ден од сослушувањето на косовскиот претседател Тачи Фото: АА/Архива

ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи го заврши третиот ден од сослушувањето во Специјалното обвинителство во Хаг, кoe ќе продолжи утре, јавува Агенција Анадолија (АА).

И денес сослушувањето траеше 6 часа, од 13 до 19 часот, како и претходните два дена. Тачи не даде изјави за медиумите собрани пред зградата на Специјалното обвинителство. Процесот на испитување ќе продолжи утре.

Косовскиот претседател во понеделникот започна со давање исказ на повик на Специјалното обвинителство, кое на 24 јуни објави дека поднело обвинение до Специјализираните комори со десет точки за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи и убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.

Во обвинението, кое Специјалното обвинителство го проследи до Специјализираните комори на Косово на 24 април, се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени од обвинението сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства.

Специјализираните комори на Косово, со седиште во Хаг, имаат рок од шест месеци за донесување одлука за потврдување на ова обвинение.

Специјализираните комори и Специјалното обвинителство на Косово имаат привремен карактер и имаат конкретен мандат и надлежности во постапки за злосторства против човештвото, воени злосторства и други кривични дела, според законите на Косово, започнати или извршени во Косово во периодот од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година од страна на граѓани на Косово или Сојузна Република Југославија, односно против нив.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın