Furkan Abdula
20 Декември 2018•Ажурирај: 21 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - По повод 21 декември - Ден на настава на турски јазик, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ), со поддршка на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), вечерва во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Турскиот јазик, јазик на мирот на Балканот“, јавува Anadolu Agency (AA).
На панел дискусијата учествуваа претседателот на Одделот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Махмут Чевик, пратеникот на АК Партија од Сакарија, проф. д-р Мустафа Исен, претставници од Министерството за култура на Македонија, претставници на турските организации и институции во земјата, професори од регионот, како и бројни поканети гости.
Претседателот на Одделот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Чевик, во свое обраќање пред присутните истакна дека на Балканот и во земјите од Источна Европа живее турски народ кој брои околу 2 милиони жители, и дека во јазиците од регионот, како хрватскиот, српскиот, босанскио, албанскиот јазик, се влезени околу 7-8 илјади турски зборови.
Чевик нагласи дека турската култура и турскиот јазик со векови ја хранел балканската култура. „Во Румелија, турскиот јазик е јазик на почитта меѓу нас“, додаде тој.
Според него, турскиот јазик што се зборува во Македонија е турски јазик на литературата, додека, рече тој, луѓето од Румелија со турскиот јазик кој е јазик на мирот, се обидуваат да го заштитат материјалното и духовното културно богатство на Османлиите во регионот.
Пратеникот на АК Партија, Исен, нагласи дека со доаѓање на Османлиите во регионот е откриен еден период на мирот од околу 700 години кој е наречен „Pax-Ottomana“, и дека најзначајниот јазик на комуникација во овој период бил турскиот јазик.
„Турскиот јазик на Балканот беше градски јазик, јазик на цивилизација“, рече Исен, додавајќи дека Балканот со својата шарена етничка структура е еден од регионоте во светот кој претставува пример.
Ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем, упати благодарност до турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, поради неговите напори во основањето на овој универзитет во 2006 година, и се осврна на еден израз на Мустафа Кемал Ататурк, за кого рече дека е роден во Македонија, кој вели „Турскиот јазик е срцето и умот на турскиот народ“.
Ердем нагласи дека турскиот јазик во Македнија на свесен начин се зштитува, и се прошируваат институциите во оваа земја чија настава им е на турски јазик. Според него, присуството на еден народ продолжува со присуството на јазикот.
Ерден нагласи дека имињата на личностите како Мехмет Акиф Ерсој, Јахја Кемал Бејатли, Тургут Озал, се значајни имиња од постоењето на Турција. „Нас не повредува она што овие имиња се користени од страна на некои терористички организации, особено од страна на терористичката организација ФЕТО“, додаде тој.
Од друга страна, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, 21 декември - Денот на наставата на туркси јазик во Македонија е значаен доказ за присуството на Турците од Македонија. „Ако даде Господ, оваа љубов за зачувување турскиот јазик која трае 6-7 векови, ќе трае и ќе биде постојан во овие територии“, нагласи Емин.
Модератор на панелот беше проф. д-р Али Кафкасјали, додека професорите како проф. д-р Актан Аго, д-р Хамза Колукиса, диц. д-р Бахадир Ѓуџујетер, доц. д-р Ергин Жабле, и Тахсин Ибрахим имаа свои презентации на теми околу турскиот јазик.