Besar Ademi
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, од денеска до 15 декември ќе биде отворена изложбата „Историјата на наследството“ (Словенија и сукцесијата по распадот на Југославија), која е организирана од страна на Државниот архив на Република Македонија по повод 15-годишнината од потпишувањето на Договорот за сукцесија, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата се состои од 13 паноа со големина од 80 до 120 центиметри и два банера на кои се прикажани неколку документи од Фондот за сукцесија на Република Словенија, поделенени во повеќе теми.
Директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, рече во овие документи презентирани на изложбата, практично станува збор на нерешени прашања и од големо значење за Македонија, но и за сите други земји од поранешната југословенска федерација.
„Македонија требаше да ги добие oригиналниот договор за водите што е склучен со Република Грција и оргигиналниот договор за границата со Грција. Посебно вториот е многу значаен затоа што со тој договор е одбележана точно границата со Република Грција меѓутоа оригиналот се наоѓа во Белград", рече Петровски, додавајќи дека Србија намерно касни за Македонија да се повлече од оваа прашање.
Петровски рече дека во име на Архивот на Република Македонија имало околу десет средби во Белград, каде, како што рече, објаснети биле ратификацијата и потпишувањето на договорот како прашање завршено на нивното собраниe, признавајќи Анекс Д да се применува како било согласено во преговорите, но оние оригинални документи се уште не и се предадени на Македонија.
Директорот на Архивот на Република Словенија, Бојан Цвелфар истакна дека Договорот за сукцесија од историски, политички и финансиски аспект, е еден од најзначајните меѓународни договори кои Словенија успеа да го оствари како независна држава.
„Целта на оваа изложба е после толку години, малку повеќе да се потенцира прашањето околу сукцесијата, бидејќи повеќето од прашањата воопшто не се решени. Тука има повеќе прашања кои се однесувааат и на финансиски работи, потоа зградите на амбасадите и понатаму. Некои работи во врска со амбасадите се решени, исто така важно е прашањето за подеблба на архивите“, рече Цвелфар, додавајќи дека е потребна поголема соработка меѓу архивите на поранешната југословенска федерација за да разговараат за ова прашање на наследување.
Изложбата „Историја на наследство“ за прв пат беше промовирана на 7 јуни 2016 година во Љубљана, Словенија, на меѓународната конференција насловена „Договорот за прашањето на сукцесијата - 15 години подоцна“, а беше изработена од страна на Архивот на Република Словенија во соработка со Министерството за надворешни работи на Словенија, Словенската национална асамблеја, како и неколку други словенечки институции.
Државите наследнички на распаднатата СФРЈ: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија (денес Србија) на 29 јуни 2001 година во виенската палата Хофбург го потпишаа Договорот за прашањата околу наследството на СФРЈ.
Политичкото значење на Договорот е неспорно, бидејќи го потврдува распаѓањето на СФРЈ и ја признава еднаквоста на петте држави наследнички.