Gökhan Ergöçün
28 Април 2026•Ажурирај: 28 Април 2026
Турција потпиша историски договор со Шпанија за извоз на турскиот авион за обука од домашно производство „Хурџет“, за потребите на шпанските вооружени сили, јавува Анадолу.
Церемонијата на потпишување се одржа во погоните на компанијата „Ербас“ во Гетафе, Шпанија, а се однесува на извозот на „Хурџет“, национален млазен авион за обука произведен од Турската авиоиндустрија (ТАИ).
На настанот присуствуваа Халук Ѓорѓун, претседател на Секретаријатот за одбранбена индустрија, државниот секретар на шпанското Министерство за одбрана, Марија Ампаро Валкарсе Гарсија и турската амбасадорка во Мадрид, Нукет Кучукел Езберџи.
Ѓорѓун изјави дека договорот означува нов почеток и ги зајакнува врските меѓу Турција и Шпанија во секој аспект.
Тој го истакна меѓународното признание за турските копнени, поморски и воздушни платформи развиени со локален инженеринг и владина поддршка.
Ѓорѓун објасни дека партнерството вклучува производство на дел од авионите „Хурџет“ во Турција, додека останатиот дел ќе се произведува во Шпанија, со придонес на локалните шпански производители.
Гарсија, од своја страна, нагласи дека договорот е резултат на стратегиско планирање и дека значително ќе ја забрза шпанската одбранбена индустрија.
Таа додаде дека во моментов Шпанија издвојува 2% од својот бруто-домашен производ за трошоци во одбраната.