Zylfije Adem Jakupi
02 Октомври 2020•Ажурирано: 04 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово се регистрирани уште 42 случаи на заразување со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од 645 сомнителни примероци на коронавирусот, 42 биле позитивни, а во послените 24 часа немало смртни случаи како последица на заразување со Ковид-19.
Во истиот период оздравеле 54 лица, со што бројката на оздравени се зголеми на 13.731. Моментално во Косово има 1.347 активни случаи на заразување со Ковид-19.
Досега се тестирани 69.108 лица за кои постоело сомневање дека се заразени со коронавирусот, при што од нив 15.705 биле позитивни, а 627 лица починаа како последица на заразување со коронавирусот.