Agim Sulaj
30 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се регистрирани 418 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 418 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 19.328.
Во земјата починаа уште 4 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи порасна на 678.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.608 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 92.706 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.434 лица. Моментално има 3.126 активни случаи.