Zylfije Adem Jakupi
24 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово животот го загубија двајца пациенти од последици на заразеност со Ковид-19, додека се регистрирани 166 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се тестирани 1.056 примероци, од кои 166 биле позитивни на коронавирусот.
Од февруари досега во Косово се тестирани 86.098 лица, меѓу кои 17.757 биле позитивни, а 661 лице ги загубија животите од последици на заразеност со коронавирусот.
Во последните 24 часа оздравеа 55 лица, со што вкупниот број на оздравени се зголеми на 15.034. Во моментов активни се 2.062 случаи на заразеност со Ковид-19.