Zylfije Adem Jakupi
29 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот Национален институт за јавно здравје соопшти дека во Косово е забележан уште еден случај на коронавирус, со што вкупниот број достигна 91 случај, пренесува Агенција Анадолија (AA).
По синоќешните нови 8 тестирани примероци за коронавирус, еден е позитивен. Станува збор за случај на контакт што доаѓа од Приштина.
Досега во Косово тестирани се 1.037 примероци, од кои 91 се позитивни, додека еден пациент почина.
Истовремено, потврдени се уште два случаи на коронавирус во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинско српско население. Овие пациенти се од Северна Митровица и Лепосавиќ. Ова е трет позитивен пациент на коронавирус од српската заедница и сите се пренесени во Ниш на лекување. Во српската заедница во Косово здравството функционира во рамките на српскиот здравствен систем.