Балкан, Коронавирус

Во Косово 159 новозаразени со коронавирусот

- Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека нема починати од последици на заразувањето со Ковид-19, така што бројката на смртни случаи во оваа земја од почетокот на пандемијата останува на 657

Zylfije Adem Jakupi  | 22.10.2020 - Обновена : 23.10.2020
Во Косово 159 новозаразени со коронавирусот

ПРИШТИНА 

Во последните 24 часа на Косово се тестирани 1.245 сомнителни примероци на коронавирусот, од кои 159 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека нема починати од последици на заразувањето со Ковид-19, така што бројката на смртни случаи во оваа земја од почетокот на пандемијата останува на 657.

Од февруари оваа година досега во Косово се тестирани 83.923 лица, од кои 17.422 биле позитивни на коронавирусот. Во последните 24 часа оздравеле уште 58 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени лица на 14.894.

Во моментов во Косово има 1.871 активен случај на заразување со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın