Sanela Crnovrsanin
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
СОФИЈА (АА) – Во Бугарија антивладините протести влегоа во 10-тиот ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дождот и студеното време не ги спречија демонстрантите да излезат на улиците во главниот град Софија и да побараат оставка од главниот обвинител и распуштање на Парламентот.
Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојанев, изјави дека на протестите одржани во петокот приведени се 7 лица.
Истакнувајќи дека протестите генерално биле мирни, Стојанев истакна дека немало провокативни групи.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, во средата побара оставка од министрите за финансии, економија и внатрешни работи, поради протестите кои се проширија низ целата земја.
Демонстрациите започнаа во Софија и се проширија во другите градови пред 10 дена, откако беа уапсени двајца советници на претседателот Румен Радев.