Husamedin Gina
13 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
БИТОЛА
Во Битола беше организирана комеморативна програма по повод 122 години од дипломирањето во Средното воено училиште на големиот турски лидер, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Агенција Анадолија (AA).
На комеморацијата во поранешното Средно воено училиште во Битола, што денеска е Градски музеј на Битола, учествуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Азим Нуредин, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Салих Мурат, делегација на Турските вооружени сили под водство на бригадниот генерал Мустафа Ер, почесниот конзул на Република Турција во Северна Македонија, Ајдован Адемовски, координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, координаторот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, директорот на Фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија, пратеникот на Турската демократска партија, Бејџан Илјас, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.
Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на химните на двете земји, по што амбасадорот на Турција во Република Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, истакна дека градот Битола е исклучително место во заедничката историја на народите, кои со векови живееле заедно.
„Овдешните години на еминентниот ученик на Воената гимназија во Битола, Мустафа Кемал Ататурк, оставиле значен белег во неговата идеи, карактер и патот што се протега до станувањето голем водач“, нагласи амбасадорот Секизќок.
Истакнувајќи дека Мустафа Кемал Ататурк за време на своето образование во гимназијата учел со голема решителност, амбасадорот Секизќок рече дека исто така одблизу го следел светот и актуелните случувања.
„Ататурк, кој по завршувањето на своето школување се борел од фронт во фронт, ја доживеал честа, како резултат на уникатна битка да биде основач на државата Република Турција, која ќе ја нарече свое најголемо дело“, истакна Секизќок, додавајќи дека е цврсто убеден дека Ататурк ќе биде инспирација за турската заедница во (Северна) Македонија.
Заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Азим Нуредин, во својот говор на комеморативната програма рече дека му претставува особена чест и задоволство што денес се обраќа по повод 122 години од дипломирањето на визионерот, лидерот, обединителот и државникот од светски ранг, Мустафа Кемал Ататурк.
„Во земјата на Мустафа Кемал Ататурк, Република Северна Македонија отсекогаш имала стратешки сојузник и голем пријател. Земја со која делиме слични вредности и со која се стремиме кон заеднички и просперитетни иднини, особено сега како членка на НАТО“, нагласи Азим Нуредин.
Додавајќи дека во областа на одбраната со Турција е воспоставена многу добра комуникација и меѓусебна соработка, Азим Нуредин рече дека Република Турција како наш стратешки партнер перманентно ѝ помага на Армијата на РСМ со воена опрема и обука.
Бригадниот генерал Мустафа Ер, истакнувајќи дека помеѓу Турција и Северна Македонија е поставена соработка што се базира на заемна доверба, рече дека дипломатските, воените, трговските односи и понатаму продолжуваат да се развиваат во нагорна линија.
„Турција како прва земја што ја призна Северна Македонија под нејзиното уставно име и националниот идентитет и како земја што отвори дипломатско претставништво во Скопје во Северна Македонија гледа близок пријател и доверлив партнер за соработка на Балканот“, рече Мустафа Ер.
Меѓу другото, бригадниот генерал Мустафа Ер додаде дека турско-македонското пријателство дава голем придонес во регионалниот мир и просперитет, што се потврдува со изразот на почитуваниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој вели дека имаат духовна географска поврзаност искажана за овој регион.
Во име на кадетите, во рамки на церемонијата, еден од кадетите што присуствуваше на програмата читаше поезија, по што беше посетена спомен-собата на Ататурк во Градскиот музеј на Битола.