Балкан

Во Белград се одржува 2. Меѓународна конференција за спортска медицина

На овој научен собир кој се одржува во организација на Заводот за спорт и спортска медицина на Република Србија, ќе се соберат над 1.000 експерти и студенти, 17 предавачи од странство и 20 од Србија

Kayhan Gül, Talha Öztürk  | 24.05.2019 - Обновена : 27.05.2019
Во Белград се одржува 2. Меѓународна конференција за спортска медицина (Foto: Talha Öztürk/ AA)

БЕЛГРАД (АА) - Во Белград, денес под називот „Нова димензија на спортската медицина“ е отворена 2. Меѓународна конференција за спортска медицина, јавува Anadolu Agency (AA).

На овој научен собир кој се одржува во организација на Заводот за спорт и спортска медицина на Република Србија, ќе се соберат над 1.000 експерти и студенти, 17 предавачи од странство и 20 од Србија.

На Конференцијата присуствува и министерот за млади и спорт на Турција, Мехмет Мухарем Касапоглу, кој во своето обраќање истакна дека за грижата за добри спортисти се потребни пред сѐ тренери, спортски научници и медицинари, кои ги сфатиле потребите на модерниот период.

Наведувајќи дека Турција и Србија многу напредувале на тоа поле, Касапоглу изјави дека спортската медицина секој ден станува сѐ повеќе популарна како во Турција и Србија, така и во Европа.

„Како луѓе кои ја насочуваат политиката на спортот во своите земји, ни претставува големо задоволство да присуствуваме на овој научен собир на кој учествуваат луѓе кои се значајни не само за нашите ценети спортисти, туку и за сеопфатното здравје на општеството“, изјави Касапоглу.

Зборувајќи дека за успехот во спортот е потребен мултидисциплиниран труд, Касапоглу изјави дека со примената на науката и технологијата во полето на спортот се постигнуваат значајни успеси.

Касапоглу истакна дека спортот се интернационализирал како никогаш досега, и додаде дека е важно да се присуствува, а и да се биде домаќин на слични собири, кои пружаат прилика во размена на искуства.

Министерот за млади и спорт на Република Србија, Вања Удовчиќ, исто така, се обрати на Конференцијата и на организаторите и учесниците им посака добре дојде и успешна работа.

Удовчиќ истакна дека спортот и здравјето се нераскинливо поврзани и дека спортот е еден од најефективните начини за водење здрав живот, а здравјето и физичката подготвеност се најбитните предуслови за спортистите да постигнуваат забележителни резултати.

„Професионалниот и рекреативен спорт секој ден станува физички сѐ потежок, а пропорционално со тоа расте и улогата на спортската медицина во остварувањето на значајни резултати. Во согласност со тоа, сакаме да ги охрабриме и поддржиме сите проекти кои ја подигаат свеста за нејзиното значење и овозможуваат на научна основа да му пристапиме на спортот. Она што за сите нас е најважно е здравјето на секој наш спортист и граѓанин, а постигнувањето и одржувањето на условите за да го обезбедиме тоа е главна цел на оваа повеќекратна корисна конференција“, изјави Удовчиќ.

Втората меѓународна конференција за медицина во спортот ќе се одржи од 23 мај до 25 мај во Центарот „Сава“, а покрај предавањата ќе бидат организирани и демонстрациски работилници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.