Fatjon Cuka
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
ТИРАНА (АА) - Продолжува процесот на пребројување на гласовите од парламентарните избори што се одржаа вчера во Албанија, а на кои моментално води владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалните податоци објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија, по пребројаните околу 31 процент или 1.614 избирачки места од вкупно 5.199, владејачката Социјалистичка партија на Албанија води со 49,58 отсто од гласовите.
На второ место е коалицијата предводена од најголемата опозициска партија, Демократската партија на Албанија, на Љуљзим Баша, со 38,7 отсто од гласовите.
На трето место е Социјалистичкото движење за интеграција со 7,12 отсто од гласовите. Социјалистичкото движење за интеграција, предводено од Моникр Криемади, пред изборите постигна договор со Демократската партија за заедничко владеење по изборите.
На изборите на 25 април се натпреваруваа 12 политички субјекти, две коалиции и 10 партии, како и неколку независни кандидати, во 12 изборни единици кои одговараат на окрузите во земјата.
На изборите 1.841 кандидат се натпреваруваше за 140 пратенички места во Собранието на Албаниија, а право на глас имаа скоро 3,6 милиони граѓани.