Husameddin Gina
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
СКОПЈЕ (АА) – Македонската опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје одржа протест пред Владата на Република Македонија, на кој лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски најави протести секоја среда на истото место, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку илјади граѓани кои се собраа пред седиштето на партијата, се упатија кон зградата на Владата на Република Македонија, од каде ги упатија своите пораки.
Со извиците „Оставка”, „Македонија” и скандирања ВМРО-ДПМНЕ, учесниците на протестот побараа оставка од актуелната Влада на Република Македонија и изразија незадоволство од политиките кои што таа ги води.
На присутните им се обрати опозицискиот лидер Мицкоски кој го предводеше протестниот марш. Тој се осврна на претседателските избори кои треба да се одржат во април месец 2019 година.
,,Ќе дојдат избори, еве претседателските доаѓаат, ајде тука жестоко да победи нашиот кандидат. Ајде тука ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија да победи. Тоа е првиот чекор за да ја ослободиме татковината од стегите. Од тука треба да почне нашата победа”, рече Мицкоски.
Мицкоски на протестот упати порака до сите кои не присутни на протестот, а ја подржуваат партијата, од сите нации и вери да се обединат и да се приклучат на протестите што ќе се одржуваат во сите градови на земјата за време на викендите и секоја среда пред зградата на Владата во Скопје.