Husamedin Gina
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест против поскапувањето на електричната енергија, побара враќање на старата цена на струјата, викенд без ДДВ во септември и професионализација на регулаторната комисија за енергетика, јавува Агенција Анадолија (АА).
ВМРО-ДПМНЕ од денеска започна со тематски протести. Попладнево се одржа протест против покачувањето на електричната енергија со паролата „Скапа струја сиромашен народ“.
Протестот започна пред Министерството за правда, а заврши пред Регулаторната комисија за енергетика, каде претседателот на партијата, Мицковски, се обрати до граѓаните.
„Денеска сме овде и протестираме за социјална тема, тоа е покачената цена на електрична енергија“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пред зградата на Регулаторната комисија.
„Првото барање враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, намалето го процентот“, рече Мицковски, додавајќи дека второто и третото барање од вечерашниот протест се викенд без ДДВ во септември и професионализација на регулаторната комисија за енергетика со над партиски кадри.
Претседателот на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ), Ердоган Сарач, говорејќи пред присутните граѓани на протестот истакна дека поскапувањето на струјата е политичка одлука, побара оставка од целата Регулаторна комисија и одговорност за неблаговремената одлука за поскапување на струјата.
За време на протестот граѓаните извикуваа „Мафија“ и „Оставка“.