Балкан

Високиот претставник на ЕУ, Џозеп Борел, во посета на Босна и Херцеговина

Посетата започнува со состанокот со претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ

Vesna Besic  | 21.11.2020 - Обновена : 21.11.2020
Високиот претставник на ЕУ, Џозеп Борел, во посета на Босна и Херцеговина

САРАЕВО 

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседал на Европската комисија, Џозеп Борел, престојува во посета на Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во текот на посетата, претставникот Борел ќе се состане со претставниците на власта, опозицијата и цивилното општество за да разговара за конкретните реформи и иницијативи за подобрување на животниот стандард на граѓаните во рамките на процесот на европските интеграции на Босна и Херцеговина, а во согласност со клучните приоритети од Мислењето на Европската комисија за барањето за членство во ЕУ.

Посетата ја започнува со состанокот со претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.

Според протоколот, предвидено е со Борел да се состанат и замениците на претседавачот со Советот на министри на БиХ, министерот за финансии и трезор на БиХ, Вјекослав Беванда, и министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.

Предвиден е и состанок на членовите на Претставничкиот дом и Домот на парламентарното собрание на БиХ со потпретседателот на ЕК, Борел.

Во текот на посетата планирано е јавно обраќање на Борел на темата „Од Дејтон кон Брисел“, како и посета на Музејот на воено детство.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.