Ahmet Gürhan Kartal
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - И покрај ставот на американската администрација, Британија и Германија останаа цврсто посветени на иранскиот нуклеарен договор, се вели во соопштението на владата на Велика Британија по денешниот телефонски разговор помеѓу шефовите на двете влади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од страна на портпаролот се вели дека британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел одржале телефонски разговор во кој дискутирле за Иран и одлуката на американскиот претседател Трамп за непотврдување на нуклеарниот договор.
„Тие се согласија дека Велика Британија и Германија останале посветени на договорот. Исто така потврдија дека меѓународната заедница треба да се здружи против дестабилизирачката регионална активност на Иран и да пронајде начини за справување со загриженоста во врска со програмата на балистички ракети на Иран“, се додава во соопштениетто.
Меј и Меркел исто така се согласија да дискутираат повеќе за ова прашање на Европскиот совет во Брисел наредната недела, стои во соопштението.
Трамп во петокот ја изнесе својата нова стратегија за решавање на она што тој го нарече „опасна агресиjа“ на Иран, издавајќи нови казни против Иранската револуционерна гарда и велејќи дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор.
Лидерите на Британија, Германија и Франција претходно во заедничко соопштение рекоа дека се загрижени од можните импликации од одлуката на Трамп за не потврдување на иранскиот договор.
Користејќи го акронимот за официјалното име на иранскиот договор, Заеднички сепфатен акциски план (Joint Comprehensive Plan of Action), во соопштението кое следуваше по изјавата на САД се вели дека Британија, Германија и Франција стојат посветени на договорот и негово целосно имплементирање од сите страни, и ја поттикнуваат американската администрација и Конгресот да ги разгледаат импликациите на безбедноста на САД и нејзините сојузници пред да преземат какви било чекори што би можеле да го поткопаат договорот, како што е повторно воведување санкции за Иран кои се укинати со договорот.
Тие додадоа дека ја делат загриженоста на Трамп за ракетната програма на Иран и другите регионални активности.