Mehmet Alaca
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Започната е истрага за малиот авион кој е приземјен бидејќи вчера го нарушил воздушниот простор на Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Бугарската новинска агенција, врз основа на соопштението на Министерството за одбрана, мал авион кој вчера полетал од Унгарија и немал потврден план за лет, поминал над Србија и Романија и слетал во Бугарија.
Во веста, исто така, се истакнува дека воздухопловните сили на Бугарија при тешки временски услови го приземјија авионот кој навлезе во воздушниот простор на земјата.
Покрената е истрага за луѓето во авионот и целта на летот.