Husamedin Gina
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 55 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 312.473, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата останува ист, односно 9.313.
Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 302.729.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 431.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.002 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања.