Bojana Stojanovic
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Премиерката Ана Брнабиќ истакна дека Србија на никаков начин не се меша во внатрешните работи на Црна Гора и дека на никаков начин не влијаела на изборниот процес во Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (AA).
Таа преку соопштение нагласи дека има обврска да реагира на ставовите искажани во интервјуто на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, кој рече дека е можно неговата партија да изгубила „поради незадоволството на граѓаните од некои политики“, што не е достигнато нивото на очекуваните стандарди, но како можна причина тој ја наведе манипулацијата на Црквата и официјален Белград околу Законот за слобода на вероисповед, „која [Белград] ја иницираше и ја води од декември минатата година до денес“.
Брнабиќ рече дека стнува збор за „обид за политичка измама, што Ѓукановиќ ја користи за да ги објасни причините за изборниот резултат на неговата партија“.
„Претседтелот на Србија, Александар Вучиќ, во изминатите осум години помалку пати ги спомена Црна Гора и Мило Ѓукановиќ отколку што Ѓукановиќ само во ова едно интервју ги спомна Србија и претседателот Вучиќ, и тоа секој пат, како и многупати претходно, во негативен контекст“, наведе Брнабиќ.
Србија, додаде таа, „на ниеден начин не се меша во внатрешните работи на Црна Гора и на никаков начин не влијаела на изборниот процес во Црна Гора“.
„Ова е факт што Ѓукановиќ не може да го оспори. Нема збор дека Црна Гора на кој било начин е загрозена од страна на Србија и повеќе од јасно е дека Ѓукановиќ е заробен во политичките фрази што ги користеше со години за преку лажните приказни за загрозеноста на Црна Гора да добива политички поени наместо да се фокусира на реалните потреби и проблеми на своите граѓани“, наведе Брнабиќ.
Србија, како што рече, сака најдобри можни односи со Црна Гора и сите земји во регионот.
Според неа, Србија е посветена на изградба на стабилен, поврзан и безбеден Балкан.
„Токму тоа е причината што претседателот Вучиќ ја покрена иницијативата „Мал Шенген“ со цел земјите од регионот да соработуваат економски во интерес на сите граѓани. Тоа е најдобрата одбрана од сите политики и политичари кои не можат да излезат од 1990-тите години на минатиот век. Односот кон оваа иницијатива, која, за жал, Црна Гора не ја има прифатено до денес, јасно отсликува кој е посветен на прашањата за заедничка иднина, а кој својата политичка позиција ја гради на проблемите од минатото“, додаде таа.
Премиерката рече дека Србија спремно пружа рака на секоја идеја која ќе доведе до подобрување на животниот стандард, отворање на нови работни места, за изградба на поизвесна и посигурна иднина за сите граѓани од овој наш дел од Европа, во надеж дека сите многу брзо ќе станеме членки на Европската Унија (ЕУ).
„Тоа е она што сакам да им му го порачам на Ѓукановиќ, на граѓаните на Црна Гора и на граѓаните на Србија“, наведе српската премиерка Брнабиќ.