Admir Fazlagic
26 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
СКОПЈЕ
Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) од Република Северна Македонија, Мунир Колашинац, упати честитка до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган по повод неговиот реизбор за претседател на АК Партија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Почитуван претседателе Ердоган, во името на Бошњачкиот демократски сојуз од Северна Македонија и во свое лично име Ви честитам на изборот на местото на претседател на Партијата за правда и развој (АК Партија). Благодарејќи на Вас и Вашата партија Република Турција во изминатиот период стана моќна држава, економска, политичка и воена сила која сите ја ценат и почитуваат. Ви посакуваме успех во остварување на поставените цели за наредниот прериод", пишува Колашинац во честитката.
„Бошњаците искрено се радуваат на Вашите постигнати резултати и напредокот и исто така знаат дека Вие сте вистински чувар и заштитник на интересите не само на турскиот народ туку и на сите други муслимански народи како во регионот, така и во светот", се истакнува во честитката.
По повод реизборот на Ердоган за претседател на АК Партија, во името на Странка на демократска акција (СДА) од Санџак честитки упати претседателот Сулејман Угљанин, како и Претседателството на Бошњачка странка од Црна Гора.
Потсетуваме, на 24 март на 7. Редовен конгрес на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) Реџеп Таип Ердоган повторно е избран за претседател на оваа партија.