Alma Dekovic,Lejla Biogradlija
05 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
САРАЕВО (АА) - Поројните дождови што од синоќа ја зафатија Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави во повеќе градови низ земјата, пред сѐ во Сараево, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повеќе куќи и деловни простории во Сараево се поплавија, а надојдена е и реката Милјачка која минува низ центарот на градот.
Настанати се и проблеми во сообраќајот во Сараево како резултат на дождовите.
Исто така, настанати се поплави и во повеќе градови во јужниот дел на земјата.
Во соопштението на Метеоролошкиот сојуз на Босна и Херцеговина се наведува дека земјата и денеска ќе биде зафатена од дождови, а даден е и црвен аларм против опасноста од поплави и свлечишта.