Ata Ufuk Şeker
05 Ноември 2021•Ажурирај: 06 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) обезбеди финансиска поддршка од 90 милиони долари за Албанија во рамки на борбата против пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија соопшти дека во рамки на програмата за макрофинансиска поддршка подготвена за борба против негативните економски ефекти на Ковид-19, е пуштена новата кредитна транша за Албанија.
Во соопштението се истакнува дека Албанија ги исполнила условите во областите како јавните финансии, борбата против корупција и социјалната заштита.
Според соопштението, во рамки на програмата за поддршка од ЕУ, за Албанија се обезбедени 90 милиони евра.
Во соопштението се нагласува дека во рамки на оваа програма за макрофинансиска поддршка, ЕУ обезбедила вкупно 180 милиони евра за Албанија.
Инаку, ЕУ обезбедува макрофинансиска поддршка за земјите во периоди на економска криза.
За добивање ваква финансиска поддршка од ЕУ, потребно е да се исполнат одредени услови.