Zylfije Adem Jakupi
11 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
ПРИШТИНА (АА) - Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, порача дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел наведе дека нема да се толерираат напади врз ЕУЛЕКС Косово или употребата на насилни, кривични дела на северот.
„Групите на косовски Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мора да се врати мирот. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и со КФОР“, напиша Борел на Твитер.
Тој наведе и дека сите актери мора да избегнуваат ескалација.