Vesna Besiç
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
САРАЕВО (АА) - Две лица загинаа, а едно е повредено како последица на експлозија на бомба во тузланското подрачје Паша-бунар, потврди за Anadolu Agency (AA) портпаролката на Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон (MUPTK), Амра Капиџиќ.
„Утринава во 7:23 часот во полициската станица Запад е пријавено дека е фрлена бомба во станбен објект во населбата Паша-бунар“, појасни Капиџиќ.
Увидот е во тек, а по завршувањето ќе има повеќе информации.
„Засега располагаме со информација дека две лица загинале, а едно е повредено“, додаде Капиџиќ.