Bojan Bednar
08 Март 2023•Ажурирај: 09 Март 2023
БЕЛГРАД (АА) - Меѓународните саеми „All4Wood Balkan“ и „WindoShow“ се отворени денес на Белградскиот саем, јавува Анадолу.
На саемот „All4Wood Balkans“ во хала 4 на Белградскиот саем беа претставени машини за обработка на дрво и производители на опрема за дрвната индустрија од Туркије и цела југоисточна Европа.
Главната цел на саемот е да воспостави силни врски со клучните носители на одлуки од Србија и балканските земји, вклучувајќи ги важните пазари за мебел и шумарство, како што се Хрватска, Унгарија, Романија и Словенија.
„WindoShow“ во хала 1 на Белградскиот саем е меѓународен саем за прозорци, врати, стакло и опрема, производи и опрема за производство од Туркије и земјите од регионот.
Замислено е манифестацијата да биде значајна извозна порта за целиот регион.
„WindoShow“ нуди голема платформа за презентација бизнис-ту-бизнис (B2B), што обезбедува неспоредливи можности за бизнис и вмрежување со клучните носители на одлуки во градежната индустрија на Балканот и во Белград.
Еден од приоритетите е воспоставување нови деловни контакти меѓу турските и српските компании со цел да се обезбедат одржливи трговски инпути за двете земји.
На тие два саеми беа најавени 133 излагачи, 74 излагачи на саемот „All4Wood“ и 59 на саемот „WindoShow“, а најголемиот број од нив имаат намера да основаат компанија во Србија во текот на 2023 година.
Саемите траат до 11 март.