Fatjon Cuka
19 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ТИРАНА (АА) - Поддржувачи на албанската опозиција, по вчерашните протести на кои бараа оставка на Владата, ноќта ја поминаа во шаторите пред зградата на Советот на министри на Албанија во Тирана, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозицијата вчера организираше протест барајќи Владата на Еди Рама да поднесе оставка и да ја предаде власта на преодната влада која земјата ќе ја изнесе на избори во јуни.
Водачот на опозицијата во Албанија и лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, во таа пригода вети продолжување на протестите на кои, како што истакна, се бараат слободни и фер избори.
„Се собравме денес во толкав број бидејќи оваа влада ја донесе земјата во беда, сиромаштија и во хаос. Сакаме слободни и фер избори и одвојување на политиката од криминалот. Сакаме достоинство, правда и пристојна иднина која не прави горди на нашата земја” , изјави Баша.
На протестите присуствуваа илјадници поддржувачи на опозицијата, а околу 2.000 полицајци бреа задолжени за обезбедување на редот и мирот на протестите.