Zülfiya Yakup
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Меѓу главните приоритети на бугарското претседавање со ЕУ е и јасна и кредибилна европска перспектива на земјите од Западен Балкан, додека Косово мора да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора и да ја повлече иницијативата за укинување на Специјалниот суд, изјави шефицата на Канцеларијата на ЕУ за Косово, Наталија Апостолова, јавува Anadolu Agency (AA).
На кофнеренцијата за медиуми на која амбасадорот на Бугарија во Косово, Недиалчо Данчев ги претстави приоритетите на неговата земја во текот на шестомесечното претседавање со Советот на Европската Унија, Апостолова истакна дека Стратегијата на проширување на ЕУ е во изработка и дека Косово има можност да влијае на својата положба така што ќе ги направи потребните работи, пред да биде предоцна.
„Косово мора да ја искористи оваа единствена прилика, мора да го ратификува договорот за разграничување со Црна Гора. Тоа ќе покаже дека Собранието работи во интерес на сите косовски граѓани. Договорот мора да се ратификува како прашање од национален интерес, за да се запре самоизолација на Косово и да се надминат интересите на одредени политички кругови", рече Апосолова.
Таа наведе и дека за визната либерализација, покрај демаркацијата со Црна Гора, неопходно е Косово да го исполни и вториот услов, а тоа е успешна борба против корупцијата и организираниот криминал.
Апостолова порача дека Иницијативата за укинување на Специјализирани совети не е патот по кој треба да се оди.
„Обидот за да се поништи меѓународбата обврска не е начин за градење институции, ниту за градење доверба на луѓето во тие институции", истакна таа.
Нагласи дека укинувањето на Специјализираните совети би влијаело на европските интеграциски процеси на Косово, бидејќи Косово би се сметало за некредибилен партнер за меѓународни обврски и партнер кој не почитува владеење на правото.
Апостолова, исто така, истакна дека дијалогот на Косово и Србија е многу важен, бидејќи добрососедските односи се предуслов за приклучување кон ЕУ. Таа нагласи дека Србија може во ЕУ дури кога прашањето на дијалогот на Косово и Србија ќе биде финализирано.
Амбасадорот на Бугарија во Косово, Данчев, истакна дека приоритети на Бугарија на чело на ЕУ се стабилноста, безбедноста и солидарноста на ЕУ, како и дека ќе работи на консензус, конкурентноста и кохезија во рамките на ЕУ. Исто така, тој истакна дека мотото на Бугарија е „обединети сме силни" и дека во тој контекст не смее да се заборави дека на Западниот Балкан му е потребна јасна европска перспектива и нивна поврзаност со државите членки на ЕУ.
Потенцираше дека за ЕУ е многу важен стопанскиот раст и отворањето на нови работни места, социјалната кохезија, работа на создавање на заеднички дигитален пазар и унапредување на образованието.
Бугарија, претседавањето со ЕУ го презеде на 1 јануари 2018 година од Естонија, а на 1 јули претседавањето ќе и го предаде на Австрија.