Zeynep Rakipoğlu,Kaan Bozdoğan
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, во Истанбул ги посети канцелариите на Anadolu Agency (AA).
За време на посетата, регионалниот директор на АА за Истанбул, Хусеин Алтиналан, ја информираше амбасадорката Тулин Еркал Кара за активностите на агенцијата.
Алтиналан, зборувајќи за активностите на агенцијата, ја информираше амбасадорката Еркал Кара дека АА претставува орган на јавната дипломатија на Турција, додавајќи дека АА објавува илјадници вести, фотографии, видеоматеријали и инфографици.
Еркал Кара за Anadolu Agency рече дека претставува првиот референтен извор на информации, додавајќи дека е прифатено дека податоците наведени во вестите на АА се веродостојни.

Изјавувајќи дека во голем број земји АА има искусен тим, Еркал Кара рече: „АА е показател за тоа во колку моќна положба е дојдена и напредува Турција.“
Амбасадорката рече дека АА, благодарение на своите претставништва во различни земји, овозможува вработување за локалното население, додавајќи дека агенцијата веродостојно и точно ги пренесува вестите до населението.
За време на посетата на канцелариите на АА во Истанбул, амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, се вклучи во гласањето за избор на „Фотографија на годината“ на Anadolu Agency (AA), гласајќи за најдобра фотографија во сите категории одделно.
Амбасадорката Кара се информираше за фотографиите на фоторепортерите на АА дадени во изборот, снимени во Турција и надвор од неа, поделени во категориите „Вести“, „Живот“ и „Спорт“.
Во категоријата „Вести“, амбасадорката Еркал Кара ја избра фотографијата на Кајхан Озер, под наслов „Изборна победа“, од говорот на претседателот на Турција и претседателот на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, одржан од балконот на седиштето на АК Партијата.
- „Оваа фотографија ја избрав во спомен на моите родители“
Велејќи дека претседателот Ердоган претставува лидер кој е пример за светот, амбасадорката Еркал Кара рече дека претседателот Ердоган го гледа како човек кој е највозрасен во семејството и е одговорен за него.
Амбасадорката рече дека фотографијата „Изборна победа“ ја избрала во спомен на нејзините починати родители, и додаде: „Една година по мојот избор за пратеник, почина мојот татко, додека во втората година ја загубив и мајка ми. И двајцата долги години имаа сериозни болести. Во тој период премиер беше сегашниот претседател Ердоган. Тоа беше последниот период од животот на мојот татко, лежеше во кревет. Мајка ми читаше јасин (дел од текстот во Куранот). Татко ми, следејќи телевизија, ми се обрати со зборовите ’доколку му згрешиш на овој човек, нема да ти простам‘. Мајка ми, откако го прочита јасинот, го затвори Куранот и ми рече ’И јас, како мајка, не би ти простила‘. Тоа е аманетот од моите родители. Ја избрав оваа фотографија во спомен на моите родители.“
Во категоријата „Живот“, амбасадорката Еркал Кара ја избра фотографијата на Илхам Четин, со наслов „Дедо Али и неговата мачка“, додека во категоријата „Спорт“, гласот на Кара го доби фотографијата „Воена игра со коњи“ на Ихсан Озтурк.