Fatjon Cuka
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Започна протестот на опозициските партии во Албанија во Тирана, со барање за оставка на моменталната влада и формирање на техничка влада за организирање на парламентарните избори на 18 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на опозицијата, дојдени речиси од сите градови на земјата, се собрани да протестираат пред седиштето на Советот на министрите на Албанија.
На протестите се очекува да одржи говор лидерот на опозицијата, а воедно и претседател на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.
Полицијата презела дополнителни мерки за да се обезбеди редот и безбедноста и по протестите, ангажирајќи илјадници полициски сили.
Инаку, опозициските партии во Албанија одбија да се регистрираат во Централната изборна комисија за да учествуваат на изборите, и од 18 фавруари бараат формирање на една техничка влада.