Fatjon Cuka
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ТИРАНА
До џамијата Намазѓах која е во процес на изградба во албанскиот главен град Тирана, полициските припадници пронајдоа молотови коктели, а полицијата продолжува со истрагата во врска со случајот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералната полициска дирекција на Албанија во изјава за АА потврди дека на главната улица до џамијата, пред влезот на Парламентот на Албанија, пронајдени се две шишиња неиспукани молотови коктели оставни на улица надвор од џамијата.
Меѓу другото, во соопштението на полицијата на Тирана се вели: „На 17 мај 2020, околу 22:40 часот, на тротоар пред влезот на Парламнетот, откриени се две неиспукани шишиња со гориво. Истражната група и силите на Полицијата се на местото на настанот и продолжува работата за откривање на случајот“.
Инаку, џамијата Намазѓах во Тирана се гради од страна Дирекцијата за верски прашања на Турција и Фондацијата Дијанет (ТДВ).