Mustafa Talha Öztürk
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БЕЛГРАД (АА) - Албанија и Грција ќе упатат барање до Меѓународниот суд во Хаг за решавање на спорот во врска со поморските граници во Јонското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заедничката одлука беше објавена од соседните балкански земји за време на посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на Тирана.
„Се согласивме да го предадеме овој случај на меѓународната правда“, рече Дендиас по состанокот со албанскиот премиер Еди Рама.
Рама истакна дека сите проблеми што треба да се решат меѓу двете земји е договорено да бидат решени со конструктивен дух и добра волја.
„Албанија гледа на Грција како на вреден сосед“, рече Рама, при што истакна дека Грција отсекогаш била стратешки партнер за Албанија и дека тоа ќе продолжи да биде.
Иако разговорите за демаркација на поморските граници официјално започнаа во април 2018 година, не беше постигнат конечен договор и разговорите беа прекинати.
Пред албанското Министерство за Европа и надворешни работи се протестираше поради ваквата посета.
Демонстрантите тврдат дека посетата не се однесува на какво било прашање во врска со Албанија, туку само има за цел унапредување на грчката агенда.