Fatjon Cuka
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 69 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 1.590, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во последните 24 часа направени се 319 тестирања за Ковид-19, а позитивни случаи се регистрирани во повеќе градови низ земјата, пред сѐ во Тирана, Скадар, Валона, Драч, Елбасан и други.
„Растот е поврзан со намалувањето на внимателноста и непочитувањето на правилата поставени од страна на здравствените власти“, се вели во соопштението.
Во последните 24 часа излекувани се уште 11 пациенти, со што вкупниот број на оздравени порасна на 1.055 лица.
Во Албанија како последица на овој вирус досега починаа 36 лица, а моментално има 499 активни случаи.
Досега во земјата се направени 20.813 тестирања за Ковид-19.
Според соопштението, продолжува работата на епидемиолозите на терен за откривање на сомнителните случаи.